|
ТЕРМИН:
Понеделнички „ич или брич“ за Кампос |
|
|
|
| Понеделник, 08 Февруари 2010 03:02 |
|
Шпанскиот автомобилист, кој кон крајот на осумдесеттите возеше за Минарди со уште еден сонародник (Луис Перез Сала), изјави дека очекува крај на сагата околу неговиот настап во 2010 година. На тестирањето во Херез се очекува со новите болиди да пристигнат Ред Бул, Форс Индија, Вирџин и Лотус, но Кампос е оптимист дека и нивната конструкција би можела да се најде таму. - Се обидуваме се да решиме до понеделник, а луѓето говорат за нас многу глупави нешта, кои делумно се точно, а делумно не се. Работиме напорно на планот да бидеме на стартот во Бахреин,- изјави Шпанецот за Би-Би-Си, одбивајќи да каже дали негов нов партнер ќе биде Јужно-Африканецот Тони Тешеира, кој досега раководеше со првенството именувано како А1 ГП. – Проблемот е во клаузулите кои не обврзуваат на доверливост за се што работиме. На Далара (фирмата која им го конструира болидот), некогаш и плаќаме рата од седум милиони долари, а некогаш немаме пари. Се обидуваме да го решиме проблемот,- вели 49-годишниот Шпанец, истовремено одрекувајќи дека Далара може да го продаде болидот на друга екипа доколку тие киксираат. Во меѓувреме, српскиот тим Стефан ГП најави дека ќе испрати опрема во Бахреин за да биде подготвен да стартува доколку Кампос потфрли. Ралф Шумахер потврди дека сопственикот на тимот Зоран Стефановиќ бил заинтересиран за неговите услуги, но одбива да коментира пред работите да станат сериозни. Шпанскиот весник Диарио Ас претходно објави дека Стефан ГП и понудил на Далара да го откупи болидот на Кампос доколку тие потфрлат со плаќањата, при што наводно рокот за тоа истекол на петти февриари. Се верува дека логистиката на српскиот тим е во рацете на Дејв Рајан, спортскиот директор на Мекларен кој беше избркан поради скандалот со лажење на стјуардите во Австралија 2009 година, понесувајќи ја вината кој можеше да падне врз Хамилтон и Витмарш. Се знае дека од претходно таму работи Мајк Кофлан, исто така шеф на дизајнерскиот оддел на Мекларен, кој ја напушти екипата по скандалот со шпионажата на Ферари во 2007 година. |
Последни објавени вести
Најчитани статии - Ф1
-
СУДЕЊЕ:Лауда бара казна за Ферари
-
ТЕСТИРАЊЕ:Пирели започна со тестирање на пневматиците
-
ИЗЈАВИ:Хамилтон: Господ ме штитеше
-
ЗАРАБОТКА:Фернандо Алонсо е „најскап“ возач
-
ТЕХНИКА:Кој со кого во 2011?
Избор на уредникот
| ЛУИС ХАМИЛТОН: Нови можности за трките што претстојат |
| ЏЕНСОН БАТОН: Добар старт во походот за одбрана на тронот |
| ЏОНИ ХЕРБЕРТ: Силверстоун останува класика |
| НИКО РОЗБЕРГ: Возиме на ист начин со Михаел |
| МИХАЕЛ ШУМАХЕР: Мерцедес оди во вистинската насока |
Ф1 - Генерален пласман
| 01 | Луис Хамилтон |
182 |
| 02 | Марк Вебер |
179 |
| 03 | Себастијан Фетел |
151 |
| 04 | Џенсон Батон |
147 |
| 05 | Фернандо Алонсо |
141 |
| 06 | Фелипе Маса |
109 |
| 07 | Роберт Кубица |
104 |
| 08 | Нико Розберг |
102 |
| 09 | Адријан Сутил |
45 |
| 10 | Михаел Шумахер |
44 |









Тимскиот шеф на новата Ф1 екипа со најголеми проблеми пред стартот на сезоната, Адриан Кампос, го посочи денешниот ден како пресуден за кампањата на неговиот тим.



