|
СТАВ:
Хакинен му прогнозира победи на Шуми |
|
|
|
| Понеделник, 08 Март 2010 15:42 |
|
Финецот, кој на крајот на деведесеттите и почетокот на новиот век беше главниот конкурент на Шуми за титулата, а во два наврати успеа да му ја украде, смета дека главната цел на Михаел Шумахер по враќањето се победите. - Имате голема куќа, фамилија, деца. Тоа понекогаш едноставно не е доволно. Тоа е лична одлука. Очигледно сè уште го има оганот. Познавајќи го, не ќе се вратеше ако сметаше дека нема да ги победи младите момци. Тој е таму за да победи. Но, има мног тешки аспекти кои тој треба да ги надмине. Мора да завладее со неколку нови патеки, не може едноставно да каже „Ќе победам“. Победите се возможни, дури и против момците од Ферари и Мекларен, но неверојатно тешки. Не треба да се отфрлаат и подготовките на Рос Браун и Мерцедес. Знам сè за Мерцедес, како се подготвени и колку се посветени. Ако некој тим може да му помогне на Михаел, тоа се тие. Шумахер е фит како и претходно. Тој е најподготвениот човек кој спортот го запознал и знае точно во каква кондиција да биде, - изјави Хакинен за Дејли Телеграф. Мал притисок врз Шумахер се обиде да изврши и актуелниот шампион Џенсон Батон. Британецот смета дека и покрај амбициите за победа на Германецот, младите возачи нема да му остават многу простор за маневрирање. - Никој нема да му даде простор. Одлично е што се натпреваруваме со него на иста основа. Имавме добри трки во минатото - но потоа Ферари беше една секунда побрз по круг за време на целата сезона. Тој ќе биде главен конкурент оваа година. Има добар тим, го освоија шампионатот, знаат што треба да се направи. Луис е многу возбуден што ќе се натпреварува со Шумахер. Тој ќе биде стариот Шумахер, не го загубил чувството, немаше да се врати ако не сакаше и неговата брзина не е променета, - вели Батон во обраќањето за британскиот Мирор. Во ситуација кога мислењата за успешноста на повратникот се поделени, а и самиот Шумахер е неуверен во перформансите на Мерцедес, директорот за моторспорт на оваа компанија, Норберт Хауг изјави дека не очекуваат подиум на првите трки. - Според мене, нема да се бориме за подиумот во првите неколку трки, но дефинитивно ќе се покажеме потоа, - изјави Хауг за германскиот весник Франкфуртер Алегеминен Цајтунг. Наспроти верувањето на Шумахер дека ќе бидат конкурентни, беше и неодамнешната изјава на Рос Браун дека можеби болидот нема да биде на ниво на очекувањата, со што се обиде да го симне товарот од плеќите на поранешниот првак. |
Последни објавени вести
Најчитани статии - Ф1
-
СУДЕЊЕ:Лауда бара казна за Ферари
-
ТЕСТИРАЊЕ:Пирели започна со тестирање на пневматиците
-
ИЗЈАВИ:Хамилтон: Господ ме штитеше
-
ЗАРАБОТКА:Фернандо Алонсо е „најскап“ возач
-
ТЕХНИКА:Кој со кого во 2011?
Избор на уредникот
| ЛУИС ХАМИЛТОН: Нови можности за трките што претстојат |
| ЏЕНСОН БАТОН: Добар старт во походот за одбрана на тронот |
| ЏОНИ ХЕРБЕРТ: Силверстоун останува класика |
| НИКО РОЗБЕРГ: Возиме на ист начин со Михаел |
| МИХАЕЛ ШУМАХЕР: Мерцедес оди во вистинската насока |
Ф1 - Генерален пласман
| 01 | Луис Хамилтон |
182 |
| 02 | Марк Вебер |
179 |
| 03 | Себастијан Фетел |
151 |
| 04 | Џенсон Батон |
147 |
| 05 | Фернандо Алонсо |
141 |
| 06 | Фелипе Маса |
109 |
| 07 | Роберт Кубица |
104 |
| 08 | Нико Розберг |
102 |
| 09 | Адријан Сутил |
45 |
| 10 | Михаел Шумахер |
44 |









Поранешниот шампион во Формула 1, Мика Хакинен даде своја оцена за враќањето на Михаел Шумахер, на само една недела од почетокот на првата овосезонска трка во Бахреин.



