Ф1 Алманах Формула1 Актуелно Рим дефинитивно добива трка во 2013
КАЛЕНДАР:
Рим дефинитивно добива трка во 2013
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Вторник, 09 Март 2010 15:40
Bookmark and Share

berni_400_silverstone_2009Промотерот на Формула 1, Берни Еклстоун, најави дека трката за Големата награда на Рим ќе биде вклучена во календарот од 2013 година.

Она што е предмет на натамошна дискусија е фактот дека тимовите имаат договор за настап во светското првенство на Формула 1 до 2012 година, откако лани го потпишаа новиот договор со кој се регулираат правата и обврските меѓу учесниците и организаторите. Во својот медиумски настап, кај германскиот магазин Спидвик, Еклстоун најавил дека од 2013 година во Формула 1 ќе дебитира и календарот во кој ќе има 20 трки годишно.

- Рим ќе се најде во календарот од 2013 година. Ќе имаме 20 трки, а екипите ќе бидат среќни поради тоа,- вели 79-годишниот бизнисмен.

Со тоа се отвораат шпекулации дека во 2011 или 2012 нема да има нови трки, бидејќи календарот сега брои 19 настани, а оваа година дебитира Јужна Кореја. Од друга страна, на ред за влез во Формула 1 чекаат земји како Индија и Русија, а свои амбиции најави и Катар. Тоа создава притисок за местата на одреени организатори како Кина и Турција, кои му се приклучија на „циркусот“ пред нешто повеќе од пет години, а сега им се ближи рокот за продолжување на договорите иако очекуваните финаниски резултати од големите инвестиции се уште не се постигнати.

Кога е во прашање трката во Рим, најмногу опонирање всушност имаше од бизнис-лобито од северниот дел на Италија, каде што спаѓа Монца, и од каде што се корените на Ферари. Претседателот на ергелата од Маранело, Лука ди Монтеѕемоло во повеќе наврати предупреди дека таа трка не смее да се случи на штета на Монца, а слично се постави и градоначалничката на Милано, Летиција Морати.

- Конкуренцијата меѓу двата града е исправна, но еднакво е коректно да се почитуват традициите,- вели таа.

Нејзиното вклучување во целиот настан се претпоставува дека доаѓа поради семејните релации од нафтенот бизнис, бидејќи таа е сопруга на Џанмарко Морати, кој со брат му Масимо (патем и сопственик на фудбалскиот клуб Интер), ја раководи групацијата Сарас, која има своја рафинерија во Сардинија.

Bookmark and Share
 

Ф1 - Генерален пласман

01 Луис Хамилтон
182
02 Марк Вебер
179
03 Себастијан Фетел
151
04 Џенсон Батон
147
05 Фернандо Алонсо
141
06 Фелипе Маса
109
07 Роберт Кубица
104
08 Нико Розберг
102
09 Адријан Сутил
45
10 Михаел Шумахер
44

Фернандо Алонсо

Анкета

Дали Ред Бул е премногу силен за да ја загуби титулата?
 

Календар на настани

Септември 2010
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Time.mk

daily-mk-300x60

Ф1 Алманах на Facebook

RSS канали

Ф1 Алманах вести
twitter_exc2