Ф1 Алманах Формула1 Актуелно Батон контра Шуми, титулата се освојува на стартот!
ДЕБАТА:
Батон контра Шуми, титулата се освојува на стартот!
PDF Печати Е-пошта
(4 гласови, просечно 2.00 од 5)
Четврток, 11 Март 2010 18:14
Bookmark and Share

schumacher-button_400_trka_2004Џенсон Батон и Михаел Шумахер во одвоени интервјуа спореа за тоа дали за шампионската титула во Формула 1 побитен е стартот или финишот на сезоната.

Германецот во интервјуто објавено на неговата лична веб страница изјави дека не мора на стартот од сезоната да почне да победува, иако сите тоа го очекуваат од него. За седумкратниот шампион постои само една логика, типично германска, дека се ќе се знае откако ќе се извози и последниот круг.

- Јасно нагласив  уште на старот дека не мора  да сме и веројатно нема  да бидеме во позиција да  победиме веднаш на почетокот. Важно е да сме близу, и да ја искористиме долгата сезона, па да бидеме на врвот на крај. Не е стартот значаен, туку крајот,- тврди Шуми, создавајќи си алиби за можното разочарување во Бахреин.

Германецот во својата кариера титулите ги освојувал претежно на доминантен начин, но бил еден од двајцата протагонисти кои се бореле за светската круна во последната трка во 1994, 1997, 1998, 2003 и 2006 година, при што во два наврати станал светски првак (1994 и 2003), но во тие случаи влегувал во последната трка како водечки, кој се бранел од Дејмон Хил, односно Кими Раиконен.

Наспроти ова, дузина возачи сметаат дека стартот на сезоната е далеку побитен, а тоа се покажа во повеќе наврати во последнава декада, кога освен Шумахер, титули освоија уште Алонсо (два пати со феноменална доминација на почетокот од сезоната – 2005, 2006), потоа Кими Раиконен (почна и заврши со победа во 2007), Луис Хамилтон (со помалку победи во сезоната од Маса стигна до тронот во 2008). Дури и последниот пример на Џенсон Батон укажува на поинаков распоред на силите.

- Моја цел е да ја задржам титулата и за тоа ќе ми треба силен старт. Во денешно време светското првенство повеќе се добива на почеток од сезоната, отколку на крајот,- реплицираше актуелниот светски првак Џенсон Батон преку официјалниот сајт на првенството.

Англичанецот минатата сезона победи на шест од првите седум трки во сезоната, наспроти вториот дел од сезоната во кој имаше само две искачување на подиумот, како второпласиран и третопласиран.

Интересно е да се спомене дека во годините кога Шумахер учествувал во последните трки како еден од двајцата возачи, но не ја освојувал титулата (1997, 1998 и 2006), всушност бил возачот кој во текот на сезоната заостанувал зад ривалот и успевал да стигне до шанса за пресврт. Во сите три трки тој не финиширал на подиумот на крајот: во 1997 се случи фамозниот инцидент со Вилнев во Херез, во 1998 година му експлодираше гума бркајќи го Хакинен во Сузука, а во 2006 година имаше судир со Физикела и заврши четврти во трката која беше последна во неговата дотогашна кариера.

Bookmark and Share
 

Ф1 - Генерален пласман

01 Луис Хамилтон
182
02 Марк Вебер
179
03 Себастијан Фетел
151
04 Џенсон Батон
147
05 Фернандо Алонсо
141
06 Фелипе Маса
109
07 Роберт Кубица
104
08 Нико Розберг
102
09 Адријан Сутил
45
10 Михаел Шумахер
44

Фернандо Алонсо

Анкета

Дали Ред Бул е премногу силен за да ја загуби титулата?
 

Календар на настани

Септември 2010
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Time.mk

daily-mk-300x60

Ф1 Алманах на Facebook

RSS канали

Ф1 Алманах вести
twitter_exc2